ВИЦ

Малиот Трпе го прашува својот татко: - Тато што е тоа училиште? - Тоа ти е сине како да одиш на гости, но да подучуваш нешто...Дошло ден Трпе да оди на училиште. Отишол и се вратил. Утредента
татко му го гледа Трпе и му вели:- Ти бре, нели одиш на училиште?? - Не
бе тато, секој ден не се оди на гости, ќе станам досаден.

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Wednesday, 23 November 2016 12:15 Фудбал

Италија | Сопственикот на Наполи, Де Лаурентис му се јавил на газдата на Палермо, Зампарини и се распрашувал за можноста да го купи Несторовски во јануарскиот преоден рок...



Македонскиот напаѓач игра во одлична форма во Серија А по што го навлече вниманието на многу поголеми клубови од Палермо.

Палермо води жестока битка за опстанок, а клубот не е финансиски најстабилен, Зампарини на почетокот од сезоната рече дека им требаат уште околу 15 милиони евра за да ја затворат сезоната.

Една од опциите да ги обезбедат тие пари е да го продадат Несторовски, играчот кој во моментов вреди најмногу во Палермо.

Поранешниот тренер на Наполи, Џани Ди Марцио кој е близок до претседателот на Палермо, Зампарини, откри дека Наполи е сериозно заинтересиран за Несторовски.

„Ќе ви дадам една вест. Де Лаурентис му се јавил на Зампарини и официјално се распрашувал за Несторовски. Тој е играч кој секогаш има чувство за гол, а Наполи сака такви фудбалери“ - изјави Џани Ди Марцио.

Де Лаурентис и Зампарини имаат добра соработка кога се во прашање трансферите, Единсон Кавани играше во Палермо пред да се пресели во Наполи.

Извор: 24FUDBAL.com.mk

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...